Поранешниот херој на англискиот терен и легенда на Блекбурн Роверс, Дејвид Дан, влезе во медиумско лудило откако целосно го прекина контактот со својата 19-годишна ќерка. Причината е нејзиниот животен стил и месечната заработка која надминува шест цифри.
Кога сте легенда во Премиер лигата и сте во центарот на вниманието со години, се навикнувате на вниманието. Но, неколку работи можат да ве подготват за вашите семејни драми да станат насловни страници.
Дејвид Дан, поранешен англиски репрезентативец и миленик на навивачите на Блекбурн, се најде во центарот на семејната бура поради неговата ќерка Миа Винвард–Дан, која реши да си го земе животот во свои раце – на начин што ја шокираше јавноста, но и нејзините родители.
Миа, ќерката на Ден и познатата британска актерка Семи Винворд, отворила профил на платформата за возрасни и како што тврди, месечно заработува и до 100.000 евра.
Сепак, таа одлука ја чинеше врска со семејството.
Родителите без многу дискусија ја блокирале на сите канали за комуникација и практично ја избришале од својот живот.
“Татко ми ме нарече “телефонска проститутка”. Се обидов да им објаснам, не мислев ништо лошо. Сакав само финансиска слобода и свој пат”, изјавила Миа во интервју за Сан и додала дека сe уште ги сака своите родители, без разлика на се.
Дејвид Дан, кој остави длабока трага на англиските терени помеѓу 1998 и 2015 година, последен пат беше ангажиран како помошен тренер на Порт Вејл, до февруари 2024 година. Иако на теренот беше познат како борец кој никогаш не се откажуваше, во кругот на семејството тој јасно повлече линија.
Миа, од друга страна, вели дека не се откажува ниту од кариерата, ниту од надежта дека еден ден ќе ја обнови врската со семејството.
“Имам само 19 години. Знам дека сум само на почеток, но сакам да одам по својот пат. Можеби тие не го разбираат мојот избор, но тоа не значи дека заслужувам да бидам одбиена”, рекла таа.



