Бил Гејтс неодамна му откри на индискиот подкастер Раџ Шамани дека неговите три деца – ќерката Џенифер Гејтс (28), синот Рори Гејтс (25) и ќерката Фиби Гејтс (22) – ќе наследат „помалку од еден процент“ од неговото богатство кога тој ќе почине.
Според „Форбс“, коосновачот на „Мајкрософт“ има моментална нето вредност од 101,2 милијарди долари.
Таа „трошка“ што ќе ја наследи е се уште повеќе од милијарда долари – во овој момент.
Бил имаше деца со поранешната сопруга Мелинда Гејтс.
Темата се појави кога Шамани тврдеше дека често е перцепирана должност на многу индиски родители да заштедат се за своите деца, наместо да ги даваат своите пари на оние кои се помалку среќни преку добротворни активности.
„Моите деца добија одлично воспитување и образование, но ќе добијат помалку од еден процент од вкупното богатство, бидејќи решив дека тоа нема да им биде услуга. Не е династија. Не барам од нив да ја водат компанијата“, рече Бил.



