Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и британскиот филмски режисер Метју Вон основаа независно заедничко филмско студио наречено „UR-Marv“.
40-годишниот напаѓач го објави тоа на социјалната мрежа X.
Преку „UR-Marv“, Роналдо и Вон кофинансираа и продуцираа два акциони филма, а треба да глумат и во трет.
Наскоро компанијата треба да го објави снимањето на првиот филм.
За потсетување, Роналдо игра за Ал Наср од 2023 година, додека претходно играше за Манчестер Јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид и Спортинг, каде што е роден. Тој одигра 206 натпревари за Португалија и постигна 128 гола.



