Electroneum предводена валута од Ричард Елс го промовираше својот патент за брзи трансакции, на BCI самитот кој се одржуваше во New York беше претставен патентот како функционира и за што се е способна оваа валута.
Начелно ETN е првата крипто валута која го креираше овој систем и воедно поднесе патент за истиот, со цел да овозможи брзи трансакции без никакво чекање, како што секоја крипто валута треба да се почекаат одобрувања за да се изврши трансакцијата од страна на блокчаинот.
Ричард Елс во својата кампања го најави овој патент пред неколку месеци дека ETN ќе добие нешто што ниедна крипто валута го нема, тоа се брзи трансакции што секој ги посакува. Наместо да чекаме трансакција на Биткоин на која се потребни 3 одобрувања ние како што ќе ги испратиме нашите крипто пари во ETN ќе ги добиеме веднаш без никакво чекање.
Во видеото е претставено како функционира овој систем и како би се спровел во продавници, бутици итн кои би се поврзале со оваа крипто валута. Воедно докажува голем потенцијал и иднина на крипто маркетот.
За секое превземање/изменување на лични статии со авторски права од тимот на Кафе Муабети ќе следува законска тужба.