Електронскиот сервис за пошта на Гугл, неодамна најави дека добива нов дизајн со кој би дошле нови и прилагодени опции.
Откако пристигна опцијата “snooze” само на десктоп уредите, истата ќе биде достапна и на Андроид уредите засега.
Кога ќе кликнете на оваа опција, тогаш ќе имате право да одберете за колку време сакате да го одложите примањето на на некоја порака по ваш избор.
Доколку опцијата “snooze” ја користие преку веб пребарувач или преку десктоп, таа се наоѓа во новото мени.
“Snooze” за Gmail на Андроид е достапен само во еден дел од корисниците, затоа што сеуште се работи на постепена активација на оваа опција.