Компанијата LG во Јужна Кореја најави нов паметен телефон кој би имал вкупно пет камери.
Се работи за паметниот телефон V40 ThinQ со 6,4 инчен екран, кој напред има две камери, додека позади има три камери. Позади истотака има и сензор за отисок на прст, додека уредот ќе биде достапен во црвена, плава и сива боја. Предната страна на уредот не е покажана, но се објавени информации дека има 100% целосен екран.
Уредот V40 наликува на претходниот модел V30, со неколку мали промени во дизајнот. Се шпекулира дека ќе користи Snapdragon 845 процесор, и специјално дугме за активирање на Гугл Асистент.
Уредот ќе биде претставен на 3 октомври оваа година.