Вибер во декември минатата година го прослави својот роденден, додека вчера ја претстави својата нова верзија со нов изглед.
Од компанијата изјавиле дека корисниците во минатите осум години го направиле Вибер да биде битен дел од секојдневниот живот, притоа што на Вибер се разменуваат дури милијарди пораки и минути разговор.
“Ви благодариме што сме посилни и повеќе почитувани. Во почеток на оваа година сме возбудени со тоа што ќе ви ја преставиме новата верзија на Вибер тоа е Вибер 10” – изјавуваат од компанијата.
Од Вибер истотака изјавија дека новата верзија ќе биде побрза и полесна за разменување на пораки.
“Во текот на минатите години вложивме многу напор за да го подобриме квалитетот на Вибер. Испраќањето на пораки станува два пати побрзо, додека е унапреден и квалитетот за аудио и видео повици” – додаваат од компанијата.
Мобилната апликација е најчесто препозната во својата виолетова боја на дизајнот. На почетното мени се пронајдоа опции само за пораки, повици и поставки.
Новата верзија на Вибер донесува и групни видео повици до пет корисници. Сепак на почеток постои можност само одредена група на корисници ќе можат да ја користат и опцијата за групни аудио повици.