Популарната апликација за допишување WhatsApp воведе забрана за корисници кои се помлади од 16 години, и оваа забрана е само за земјите во Европска Унија.
Моментално корисниците мора да имаат најмалку 13 години, но сепак тие правила се променети по барање на Европска Унија.
Апликацијата која е во сопственост на Фејсбук ќе побара од своите корисници да си ги потврдат годините.
Сеуште не е познато како ќе биде изведено потврдувањето на годините.
По донесување на одлуката од страна на Европска Унија за закон за заштита на личните податоци започнува од 25 мај, и на луѓето ќе им се даде поголема привилегија за правилно употребување на своите лични податоци.
Истотака со оваа одлука се заштитуваат децата и нивните лични податоци со цел да се спречи користењето на нивните за маркетинг цел.
Секако се очекува годините да бидат ограничени и во останатиот дел од светот.



