На 1 март требаше да биде официјално пуштено рударење преку паметните телефони, но тоа се одложи поради што бетата фазата не беше целосно завршена. Од Електронеум најавија дека на 5 март ќе започне рударење на Електронеум преку паметните телефони кои користат Андроид.
Доколку вие сакате да рударите преку вашиот Андроид телефон тогаш потребно е да ја снимите апликацијата на Електронеум преку следниов линк КЛИКНИ ТУКА.
Корисниците на Епл уредите ќе мора да причекаат затоа што апликацијата е изработена но сеуште не е одобрена на маркетот на Епл откако ќе б иде истата одобрена ќе биде пуштена во бета верзија или финална верзија.
Ричард најави дека можно е да постои некоја софтверска грешка но доколку се пронајде ги замолува сите корисници на Електронеум мобилно рударење да отворат тикет преку апликацијата и да објаснат со каков проблем се соочуваат.
Електронеум е крипто валута која моментално на маркетот се движи со цена од 0.077115 долари, тоа значи дека доколку заработите 1 елекетронеум тој ќе можете да го продадете по цена од 0.077115 долари но сепак следете го маркетот затоа што цената е променлива и можно е да расте и да паѓа. За да ја видите моменталната цена на маркетот КЛИКНИ ТУКА.