Иако Денис Вилнев во голема мера го завршува сценариото за филмот „Дина 3“, постојат индикации дека Роберт Патинсон би можел да се приклучи на оваа популарна франшиза.
Извори велат дека не е дадена официјална понуда, но „Дедлајн“ известува дека постои желба Роберт Патинсон да се придружи на екипата.
Во овој филм ќе глумат Тимоте Шаламе, Флоренс Пју и Зендаја, а се очекува да се вратат и многу други актери од претходните епизоди.
Поради ова, останува мал број потенцијални улоги, за кои сигурно би имало интерес од разни актери.
Иако непотврдено, изворите велат дека Роберт Патинсон би можел да го игра негативецот Скитлс.
Претходно беше најавено дека филмот ќе се снима претстојното лето, а познато е дека Денис Вилнев се враќа како режисер по успехот на првите два дела.
Франшизата „Динa“ е базирана на серијалот на Френк Херберт и вклучува два филма од Вилнев, како и серијалот „Динa: Пророштвото“.
Роберт Патинсон неодамна го заврши снимањето на „Драмата“ со Зендаја и „Умри, љубов моја“ со Џенифер Лоренс, а моментално глуми во „Одисејата“ на Нолан и е продуцент на филмот „Прајмтајм“.