Двејн Џонсон му исполни една многу посебна желба на еден млад обожавател.
За жал, приказната има тажен крај.
Малиот Кејн беше тешко болен и почина.
Додека беше опкружен со своите родители и брат во болницата, сакаше да разговара со Двејн.
Тој е негов идол, особено поради анимираниот филм „Моана“.
Родителите на Кејн некако успеаја да го контактираат Двејн, а тој разговараше преку интернет со сега починатиот херој.
Во својот кревет чувал бројни кукли засновани на ликовите од филмот.
Двејн напиша за деталите од разговорот на Инстаграм.
Исто така, има и емотивен клип.
„Имав привилегија да ја остварам желбата на Кејн. Една недела подоцна, на 18 март, храбриот Кејн почина“, откри Џонсон.
Заедно ја отпеаја песната „You are Welcome“ од филмот.
„Можеби беше тивок, но во срцето, Кејн само пееше… Им кажувам на неговите родители дека ми е многу жал за нивната загуба. Ви ја испраќам целата моја љубов. Остани силен. И конечно, до неговиот брат близнак, Денис… Човече, ти си одличен брат и едвај чекам еден ден да ти се ракувам“, заклучи Двејн.



