Дали ова е крај на една империја? Версаче е една од најпознатите модни ќуки во светот.
Продажбата на најпознатата италијанска модна куќа Версаче наскоро ќе биде објавена, објавил дневникот “Корије дела сера“.
Се наведува дека Донатела Версаче, сестрата на починатиот основач на компанијата Даниел Версаче, повикала на итен состанок поврзан со компанијата, која во петок би требало да биде објавена на продажба.
Се шпекулира дека можен купувач на Версаче би биле американската модна куќа “Мајкл Корс Холдинг” или компанијата “Тифани“.
Фамилијата Версаче поседува 80 посто од акциите на оваа компанија, додека останатите 20 посто се на американската групација “Блекстоун“