Бабата Џуди Кокран од Тексас успеала да убие алигатор три ипол метри долг и преку 250 килограми тежок. Бабата изјавила дека на овој потег се осудила како би го осветила својот коњ кој бил изеден од алигатор.
Американката Џуди Кокран остала без својот мал коњ, кој наводно бил изеден од алигатор.
Останала без својот миленик, и три години спремала освета на својот ранч. Со помош на оружје го убила алигаторот.
“Еден куршум во глава и само потонал во вода. Они обично пред смрта се превртуваат, но овој алигатор не.” изјавила бабата во интервју.
Инаку еднаш во годината е дозволено да се ловат алигатори и тоа од 10 до 30 септември, и условот е животното да биде намамено па потоа да биде убиено.