Старите навики тешко умираат.
Трите ќерки на Брус Вилис и Деми Мур, популарните Рамер, Скаут и Талула Вилис ја продолжија практиката од детството до зрелоста.
„Се уште се капеме заедно, моите сестри и јас“, откри Рамер во новата епизода од нејзиниот подкаст.
Свесна е дека тоа не е вест која многумина лесно ќе ја прифатат.
„Луѓето можеби мислат дека тоа е лудо и чудно, но јас не мислам. Тоа е нормално за нас“, додаде таа.
Рамер има 36 години, додека нејзините помали сестри Скаут и Талула имаат 33 и 31, соодветно.
Исповедта дојде откако младата актерка зборуваше дека спие во ист кревет со нејзината ќерка Луета, која наскоро ќе наполни две години.
Рамер рече дека се надева дека Лу сепак ќе спие со неа дури и кога е постара.
„Сèе уште спијам во кревет со мајка ми кога ќе добијам шанса“, рече Рамер – мислејќи на Деми Мур.



