Ги запоставија црвените теписи и разните настани и се посветија на својата ќеркичка.

Во март минатата година, актерот Бредли Купер (43) и руската манекенка Ирина Шајк (32) станаа родители на девојче слатко и му дадоа име Леа де Сена Шајк Купер.
Оттогаш се одлучиле да ги запостават црвените теписи и разни општествени настани и да се посветат на својата ќерка.

Иако добро им се кријат на новинарите,овој пат се фатени додека беа во маркет во Лос Анџелес, по тоа заминаа на вечера. Бредли Купер, кој го носи ќеркичето на рамениците, очигледно ужива во маѓијата на родителството, како и Ирина.

Да се потсетиме,овој пар е во врска од 2015 година. Пред да се заљубат Бредли беше во врска со моделот Суки Вотерхаус,а Ирина седум години со играчот Кристијано Роналдо.




