Витамин Б12,е витамин кој треба сите луѓе да го примаат,бидејќи е неопходен за здраво функционирање на телото,за правилно создавање на крвни зрнца,за подобра енергија.
Но ако не знаете дали ви недостасува тој витамин во организмот,посебно ако сте префрлени на веганска исхрана,или сте намалиле
внес на намирници, било би добро да ги препознаете знаците на недостаток од Б12 витамин.
- Слабост и умор.
Еден од првите симптоми за недостаток на Б12 е умор. Тоа е затоа што телото не е во состојба да произведува Б12 низ тело,а резултатот е анемија.
- Трњење во раце и нозе. Нервите од мозок,па се низ раце нозе,се дел од нашиот нервен систем. Ако нема доволен внес на Б12 почнуваат да отрпнуваат раце и нозе. А тоа е знак да одите на контрола.
- Слаба рамнотежа. Ако приметите дека губите рамнотежа,или ви е тешко да се ориентирате во просторот не би било лошо да посетите лекар и да направите крвен тест.
- Збунетост и заборавеност. Недостаток на Б12 предизвикува слабо да работи мозокот кој предизвикува заборавеност и збунетост. Ако подолго време се чуствувате така,недостатокот на Б12 преминува во деменција во рок од година дена.
- Депресија. Уште еден знак дека ви недостасува Б12. Ако во последно време сте депресивни,иако немате никаква причина за таква состојба, проверете Б12,и хранете се со храна која содржи Б12 за кратко време ќе исчезни депресијата.