После бројни пропусти во заштитта на социјалната мрежа создадена од страна на Гугл, основачите се решија да стават крај на истата.
Веројатноста е дека во Април оваа година социјалната мрежа ќе почне со прекин, поради најголемата пропусна грешка во заштитата на оваа социјална мрежа која ја загрози приватноста на 52.5 милиони корисници.
Сопствениците на Гугл и официјално изјавија дека после 2 април ќе стават крај на оваа социјална мрежа, тоа значи дека сите профили и сите страници креирани на Гугл Плус ќе бидат поништени.
Тие кои не се сигурни дали имаат акаунт на социјалната мрежа Гугл Плус може да проверат преку http://plus.google.com
Од денеска па се до 2 април нема да има можност за креирање на профил.
Гугл не известува дека сервисот за корисници Г Суите ке функционира и понатаму. Истотака тој ќе добие и нов дизајн и нови функции.
Но нашето прашање е дали Гугл ја постигна својата цел или става крај на една неуспешна социјална морежа со која и самите имаа цел да достигнат успеси како што е Фејсбук, но сепак тука не застанува Гугл наскоро очекуваме нов проект од нивна страна.