Турската актерка Дениз Дурмаз толку неодоливо потсетува на нејзината холивудска колешка Анџелина Џоли што луѓето честопати не се сигурни за која актерка зборува кога ќе ја погледнат Дениз.
Турската актерка Дениз Дурмаз (29) се здоби со популарност во 2009 година со улогата во ТВ серијата „Deniz Yıldızı“ и оттогаш добива понуди.
Актерката ја краси безвременска убавина, а многумина ширум светот често истакнуваат дека Дениз е турската Анџелина Џоли.
Дурмаз е родена на 20 март 1996 година во Анкара. Позната е по улогите во сериите „Алин Јазим“ (2014), „Икисини де Севдим“ (2017) и „Сампијон“ (2019).
Неодамна таа се фокусираше на создавање содржини на социјалните мрежи, каде што ја споделува својата секојдневна рутина, но и следи други популарни теми.



