Популарната актерка Сиднеј Свини (27), која се смета за најжешка актерка на денешницата, веќе неколку години е во врска со претприемачот Џонатан Дејвин, кој е 14 години постар од неа.
Тие се верија во 2022 година, но сега се шират гласини за нивното раскинување.

Веста која не ги израдува нејзините фанови се појави само еден месец откако беше објавено дека ја одложуваат својата венчавка која ја планираа за мај оваа година.
Шпекулациите ги поткрепува и тоа што актерката била сама на модната недела во Париз, иако до сега биле главно неразделни..
Актерката ги избриша и сите нивни заеднички фотографии од социјалните мрежи.
Според TMZ, Сиднеј Свини од февруари престојува во хотел, каде што свршеникот не и се придружил, а поголемиот дел од времето го поминува со пријателите.
Постојано провокативната Сиднеј Свини моментално ужива во сафари со своите пријатели, а ова патување доаѓа набргу откако беше откриено дека ја одложила венчавката.
Таа се уште не го коментирала ова, а единствено што направила е да објави фотографија од сафарито на која позира во провокативна поза.



