Вилијам Леви, познат и како кубанскиот Бред Пит, беше уапсен во понеделник во Флорида поради тоа што бил пијан и предизвикувал нереди.
Според „Дејли меил“, тој е обвинет за пијанство на јавно место, нарушување на јавниот ред и мир и вознемирување.
Полицијата објави фотографија од актерот, кој е зад решетки од вторник.
Вилијам Леви е најпознат на домашната публика по своите улоги во латино серии, како што се „Магична привлечност“, „Предупредување со ангел“, „Бура во срцето“ и други.



