Сејди Робертсон се опоравува од труење со храна.
Ова ѝ се случи на американската ријалити ѕвезда на половина од бременоста.
Сејди има 27 години и откри дека била хоспитализирана на 11 април во Флорида.
Робертсон, која е во вториот триместар, имала контракции на секои неколку минути.
Таа беше загрижена дека ќе има предвремено породување.
Денот по пристигнувањето во Флорида – таа почна да се чувствува лошо.
Следеше вртоглавица, а потоа повраќање и силна болка во стомакот.
„Завршив во болница со постојани контракции на секои три минути во текот на неколку часа“, напиша Робертсон во објавата.
„За среќа, добив најдобра грижа во болницата и тие можеа да потврдат дека не сум во опасност од предвремено породување, туку дека станува збор само за последици од труење со храна“, објасни Сејди.
Робертсон морала повторно да побара лекарска помош, само за да дознае дека има и синусна инфекција и бронхитис.
Конечно сe се смири.
„Оваа бременост беше дива, но јас сум толку благодарна што сè е во ред“, додаде Сејди.



