Да ги стоплиме срцата на семејството Наумоски
„Брат ми” заедно со неговата сопруга која е исто така глувонема добија синче, кој за некој ден полни цели 3 месеци.
Се трудиме на секој начин да можеме да ги индивидуализираме како семејство ( мора да се научат дека еден ден можеби нема да можеме да бидеме во близина ) но за жал ноќите со дете се тешки.
Без овој бејбифон не можат да функционираат доколку нема во семејството некој што слуша.
Од другите семејства што го имаат – и по интернет гледаме дека овие бејбифони чинат околу 30 000 МКД.
Со оглед на тоа дека ние како семејство им помагаме да имаат свој нов скормен дом – секоја помош дополнителна ќе ни олесни на нам како семејство а посебно на нив во овој момент кога имаат детенце.
Овој бејбифон има многу силни вибрации што ќе помогне на мајката во текот на ноќта да се разбуди доколку детето плаче, но има и силни светлосни знаци преку денот кои сигнализираат дека детето плаче, се смее, ја вика, итн…
Топли поздрави од семејство Наумоски
Здружение на граѓани “Стопли Срце”
Сметка за донации: 270072685480143
IBAN: MK07270722000030435
HALKBANK
Цел на дознака: За сем. Наумоски