Музичките легенди Шемса Шуљаковиќ и Ханка Палдум привлекуваат внимание каде и да се појават.
За разлика од Ханка ,Шемса поретко се појавува во јавноста, профили на социјалните мрежи не користи.
Но после тоа што Ханка објави на својот Инстаграм профил фотографија со Шемса следеа многу коментари. Главни беа комплименти како што се две кралици,легенди,незаменливи. ...
Немам јас ништо од социјалните мрежи. Не се сеќавам кога е точно направена фотографијата ,и мене ми ја покажаа овие денови,мислам дека е за некое снимање – рече Шемса.
– Не одиме често на кафе,бидејќи секој е на својата страна. Јас и Ханка не сме како некои кои не можат да се смислат, во минатото бевме неразделни,но денес… денес секој имаме семејство и секој слободен момент го користиме да го поминиме во нивно друштво.
Кога се гледаме се поздравуваме и така почнува приказната ,деца,внуци …
Се потсети на старите времиња кога се било подруго.
-Ништо не е веќе како што порано било. Се сеќавам на дружењата во Бечко кафаната. Главно таму се собиравме,одевме се зафркававме се смеевме,но тоа веќе го нема. Жал ми е за старите времиња,бидејќи тоа беа прилики да се видиме,дружиме,размениме убави зборови..
Денес времето главно го поминувам во друштво на внуката Медина и кога сака да излезиме ме убедува и тогаш излегувам со неа да прошетам низ Сараево. Внуката е моја колешка,другарка,и пријателка. Со неа сум секој ден. Некогаш во викенди работам надвор од државата па другите пет дена ги користам за одмор.
Шемса кажува дека здравјето сега за сега добро ја служи.
-Некако Господ ми враќа на здравјето кога правам добри дела. Пред неколку дена спасив куче овде во Сараево и така верувам дека Господ секој го наградува кога прават добри дела.