Милена сподели случка што се случила во Скопски Боеми во Скопје прочитајте ќе се воодушевите❤ Сеуште постои добрина и љубов во луѓето,кои несебично ја споделуваат со другите.
Здраво, ќе бидам малку подолга во излагањето но морам да го споделам овој гест кој во денешно време на нечовечност, нехуманост и замижување пред сите оние на кои им е потребна помош, ни ја враќа надежта дека сепак сеуште не сме го допреле дното!!
Во скопски локал во доцните вечерни часови влегува момче на отприлика 10 годишна возраст со балони во рацете и одејќи од маса на маса се труди да имги продаде на посетителите и да заработи нешто. Сето ова ни е многу добро познато и видено на сите нас при некое излегување, и кога еден од вработените му се приближи на момчето првата помисла ми беше дека ќе биде најбрутано избркан со напомена дека не смее да доаѓа и да ги вознемирува гостите..Но се случи нешто што не го очекував, вработениот го донесе до шанкот, и како тој, така и останатите вработени го поздравија, го понудија што ќе се напие, му дадоа сок по негова желба, и по извесно време со насмевка на лицето го испратија и му дадоа по некој денар. Епа момци секоја чест, послужете како пример на останатите дека малите гестови и нешта носат голема среќа и радост..!!!
Иако во Македонија многу институции молчат, има родители кои своите деца ги злоупотребуваат, наместо да спијаат ноќе и да се дома на топло,тие се терани да одат и да продаваат,жално но тоа е вистина..сепак гестот од вработените е за пофалба.