Оваа песна е посветена на македонскиот пејач Влатко Илиевски кој неодамна почина.
Аранжманот и продукцијата се на Валентино Скендеровски.
Елена Георгиевска, Матеа Илиева, Викторија Ефтимова и Анастасија Илиевска кои се членови на хорот “Златно Славејче” напишаа и снимија песна посветена на нивниот пријател и идол Влатко Илиевски каде Влатко беше водител долги години .
“Секогаш твоето име ќе го величиме и засекогаш ќе остане врежано во нашите срца. Со тебе пораснавме, се дружевме, а сега те нема… Ќе се потрудиме да го зачуваме твоето дело и никогаш да не бидеш заборавен!” – напишаа девојчињата.