Прекрасни плажи, вкусно вино и морска храна, волшебни рурални предели и богата историја. Доколку Португалија не е првото нешто што ви доаѓа на ум кога размислувате за овие работи, тогаш би требало! Португалија е позната поради голем број на причини. Тоа е родното место на Кристијано Роналдо и виното „Port“, дом на сончевите плажи во регионот Algarve и големиот број на шуми во регионот Alentejo.

Градови и региони во Португалија
Регионот Algarve – Algarve е спектакуларниот јужен брег на Португалија. Овде можете да го поминете денот релаксирајќи се на прекрасните плажи, истражувајќи ги пештерите кои се распространети на крајбрежјето или доживувајќи ги возбудите на водените спортови како што се сурфање и нуркање. Albufeira е најголемиот град во регионот Algarve, иако и Tavira е доста популарна дестинација.

Lisbon – Лисабон некогаш бил град на имигранти. Овој прекрасен град е преполн со многу богата историја. Архитектурата изобилува со мешавина од шпански и арапски влијанија, и во самиот град можат да се најдат замоци, музеи, продавници и изобилство на вкусна храна. На самиот излез од градот е лоцирана Синтра, каде што се наоѓа мистичната Quinta da Regaleira, изградена за да ги примени верувањата на сопственикот во магија, Masonry, Knights Templar и Rosicrucians.

Porto – Прекрасниот град Порто (Oporto) кој е лоциран покрај река е вториот најголем град во Португалија и дом на виното Port. Тука можете да уживате во релаксирачките погледи на реката Douro додека ги истражувате прекрасните вина и вкусната храна.

Evora – Лоциран во срцето на регионот Alentejo, Evora е богат со историска Римска архитектура, вклучувајќи го и храмот посветен на божицата Дијана кој сеуште постои. Исто така е дом и на Универзитетот Евора и брзо растечкиот воздушен сектор, комбинирајќи ја на тој начин историјата на градот и модерната иновација.

Со помош од тимот на Gotham Travel and Events, испланирајте ја вашата посета на некои од прекрасните градови поради кои Португалија е позната !
Вкусна храна и пијалоци
Секако, виното од Порто !
Најверојатно едно од нештата поради кои Португалија е позната, виното од Порто е богато десертно вино и постои во неколку видови. Најпопуларното, црвено вино, има ноти на чоколадо и избрани зрнести плодови. Tawny Port, како контраст има вкус кој потсетува на јаткасти плодови и карамела. Постојат исто така и розе и бели вина, иако тие не се толку чести.

Frango piri piri – Frango Piri Piri е веројатно најпопуларното јадење од пилешко месо во Португалија. Местото се подготвува на скара откако е маринирано во зачинет Piri Piri сос. Неговата кожа е често крцкава, но маринадата спречува местото да се исуши.
Caldo Verde – Caldo Verde е вкусна супа која се подготвува со компири, chorizo и зелени зеленчуци. Поради зелениот зеленчук, најчесто кељ, ова јадење го добило своето име и кое во превод значи „зелена супа“.
Bacalhau – Ниедна португалска тура за храна не би била целосна без дел од свежата крајбрежна морска храна. Bacalhau е португалски збор за бакалар и готвачите ја подготвуваат оваа риба на многу различни начини насекаде низ земјата.

Pasteis de nata – Овие португалски тартови со крем потекнуваат од Jeronimos Monastery во Лисабон и многу брзо прераснале во популарен десерт насекаде во земјата. Сеуште може да се најде оригиналниот рецепт за pasteis de nata во самиот манастир, иако скоро секоја слаткарница во Лисабон го има.

Bifanas – Bifana е вкусен сендвич со свинско месо кој е особено популарен во Лисабон. Свинското место се маринира во Piri Piri сос преку ноќ. Потоа се готви и служи со леб, пржен кромид и сладок сенф.
Francesinhas – Francesinhas е друг вид на сендвич кој поприлично се разликува од сендвичот Bifana. Овие сендвичи се полнат со мешавина од меса, големо количество на топено сирење и се натопува во сос од домат и пиво. Можат да се најдат најмногу во Порто и најдобро идат во прилог со пржени компирчиња и пиво.
Caipirinhas – Caipirinhas наводно биле создадени како терапија за пациенти со грип во регионот Alentejo, но со одредени промени овој јак напиток се претворил во вкусен пијалок кој се стекнал со голема популарност како национален коктел на Бразил. Сега, овој сладок коктел со вкус на лимета може да се најде во голем број на барови низ Португалија.
Sangria – Иако Sangria е типичен шпански напиток, сепак овој пијалок од црвено вино со овошен вкус е многу популарен и во регионот Algarve и покрај целото крајбрежје на Португалија.
Португалски креации (creations)
Cristiano Ronaldo – Една од најпознатите личности на Португалија е Кристијано Роналдо. Роден на Мадеира, сега тој е еден од најпознатите фудбалери на сите времиња. Играл и за Manchester United и за Real Madrid, а во моментот игра за Juventus – италијански фудбалски клуб. Роналдо е исто така и капитен на португалската национална репрезентација.
Cork – изобилство на шуми со дрвја „cork“ се наоѓаат во регионот Alentejo. Овие шуми произведуваат повеќе од половина од плутата на светско ниво. Одгледувачите ја отстрануваат кората од дрвата, која потоа ја варат и ја прочистуваат. Овој процес не го спречува дрвото да расте, со што го прави одржлив, биолошки разложлив и обновлив производ.
Azulejos – Овие прекрасни сини керамички плочки се специфични карактеристики на многу историски градби во Португалија. Името потекнува од арапскиот израз за „полиран камен“ и овие сложено насликани плочки украсуваат цели ѕидови во многу Португалски замоци.

Fado – Во музичкиот свет Португалија е најмногу позната по Фадо музиката. Фадо е португалски музички жанр, кој често има текст кој зборува за болка, копнеж, морето или секојдневниот живот на вредната ниска класа на жители. Една од најпознатите пеачи на фадо музика е Amalia Rodrigues.

Barcelos rooster – Barcelos Rooster е еден од неофицијалните симболи на Португалија. Според одредени кажувања шарената птица ја претставува љубовта на португалците кон животот и дизајнерите го користат за да декорираат скоро се на што можете да се сетите.

Brazil – Да бидеме реални: Кога размислувате за Португалија, сигурно ја поврзувате со Бразил. Оваа поранешна португалска колонија сега е најголема држава во Јужна Америка и 5-тата најголема земја во светот.



