Сејшели се едно од најневеројатните и прекрасни места на планетата Земја. Овој гранитен и корален остров, лоциран на повеќе од илјада километри од брегот на Танзанија, е подив и погламурозен од Малдиви. Но, ова и го прави толку посебен! Неверојатни гребени, длабоки шуми, ридови и исто така и најубавите плажи во светот со свиленкаст песок и кристално чиста вода… Природата го направила своето најубаво дело, за Сејшели да ги нарекуваме вистински рај на Земјата.
Републиката Сејшели е една од најмалите држави во светот. Овој оригинален архипелаг е составен од две помали групи на острови. Внатрешните – гранитни и надворешните – корални.
Архипелагот е составен од 115 острови, а само 33 се населени.

Пред стотина години, Сејшели не биле населени, се користеле само од страна на пиратите. Први доселеници на архипелагот биле Французите во 1768 година. Низ годините контролата над Сејшели ја превземале Британците, па повторно Французите, се до 1976 година кога државата прогласила независност од Велика Британија.

Французите направиле плантажи со цимет и ванила на Махе и островот Праслин.
Махе е најголем и најразвиен остров на архипелагот. Вистински рај за обожавателите на плажи, опколени со природна убавина, која е тешко да се опише со зборови. Тука е лоциран и главниот град Викторија, во кој живее околу 90% од вкупното население на земјата.

Во споредба со Махе, соседниот остров Праслин е многу помирен, помалку развиен, богат со плажи како што се Anse Lazio и Anse Georgette, кои се на листата на 10 најубави места во светот.
Островот Праслин е дом на симболот на Сејшели. Посебен вид на кокос, кој стана препознатлив по својата форма.

Државата Сејшели исто така го има најголемиот, втор по големина атол во светот, Aldabra, дом на најголемиот број на џиновски желки.
Доколку ви е потребна поголема приватност, посетете го островот La Digue, кој буквално дише со мир и спокој. Ова е неверојатно место каде во суштина ќе го доживеете она што значи опуштен живот!

Навистина е комплетно неважно на кој од островите на архипелагот ќе го изберете, затоа што најважната работа што ќе ја понесете со себе е впечатокот кој засекогаш ќе остане во вашето сеќавање и живот!




