Пристигнува новиот мобилен телефон на Samsung идеален за студенти и ученици кои не сакаат мобилниот да им биде терет во учењето. Така што на овој нов Samsung има апликации кои не користат интернет.
Овој телефон има слични спецификации и дизајн како и останатите паметни телефони на Samsung, само додека на овој телефон апликациите не користат интернет.
Овој телефон е наменет за млади и деца кои родителите сакаат да имаат контрола врз нивната употреба на мобилен телефон.

Samsung J2 Pro е наменет пред се да им помогне на студентите да останат фокусирани на учењето, со цел да се избегнат товар од социјалните мрежи како Фејсбук, Снапчат итн…
Компанијата им понуди попуст на младите купувачи кои имаат од 18 до 21 година за цена од 186 долари.
Телефонот ќе биде во црна и златна боја, AMOLED екран од пет инчи, 1,5GB рам и можност за microSD картица.
Тука е и предната камера од пет мегапиксели и задната која има осум мегапиксели.
Сеуште нема известување кога овој телефон ќе биде достапен.



