Британецот Џек Рејнолдс не му е прв пат да го слави роденденот на различен и луд начин, кој привлекува внимание.
Истотака и пред две години, роденденот го прославил и воедно се запишал во Гинисовата книга на рекорди како најстарата особа која прв пат направила тетоважа.
За својот 106 роденден, повторно поставил гинисов рекорд за најстарата личност која се спуштала со zip-line.
Џек Рејнолдс се спуштил со брзина од 65 километри на час, на сајла со должина од 400 метри, поставена на висина од 60 метри.



