Со нетрпение,радост,задоволство но и со загриженост го очекувате вашето бебе.

Загриженоста е поголема ако е во прашање првото бебе. Нема поголемо задоволство за родителите,а и за општеството, да се роди и одгледа правилно бебе кое ќе порасне во здрав човек способен да вклопи во секојдневниот живот,каде што ќе твори и ползува благодетите на животот.
Но тоа е нормална состојба за секоја жена во репродуктивниот период.
Најдобро е кога бременоста е планирана.
Секоја бремена жена на почетокот на бременоста треба да го одбере својот лекар-гинеколог,кој ќе ја следи бременоста преку закажани контролни прегледи исто така лекарот препишува соодветни витамини потребни за бременоста. Во договор со него треба да одбере институција во која ќе се породи. Лекарот при крај на бременоста да воспостави контакт со гинеколог-акушер кој ќе помогне при породувањето.
По породувањето треба да одберете лекар-педијатар кој ќе го следи растот и развојот на вашето бебе,но и ќе го лекува во случај на заболување.(ќе препишува рецепти за нешто потребно итн).

За време на бременоста потребен е здрав начин на живеење,а тоа значи:
- Спокојство без стресови (стресовите може да доведат до оштетување на плодот,или предвремено раѓање).
- Разновидна исхрана,која содржи доволно железо за да спречи да не настани слабокрвност,која може да го оштети и плодот -15%.
- Умерена физичка активност и прошетка на свеж воздух.
Во текот на бременоста,бремената жена треба да добие околу 9 килограми.
Идната мајка треба да се подготви психички за доаѓањето на новиот член во семејството. Во текот на бременоста треба да избегнувате штетни материи кои може исто така да му наштетат на плодот,особено во првите три месеци на бременоста кога настанува оформување на одделни органи,
Појавата на неколку видови заразни заболувања може да се пренесат и на плодот.
Постојат повеќе штетни фактори кои треба да ги одбегнувате.
- Загаден воздух. Го забавува развојот на плодот и го оштетува.
- Разни видови лекарства. Никогаш не употребувајте лекарства без да се советувате со вашиот лекар.
- Алкохол. Го оштетува плодот,особено во првите месеци од бременоста.
- Никотин. Ги стега крвните садови,го намалува протокот на кислород кај плодот и го нарушува развојот на органите.
- Наркотични средства и дрога. Забавен психомоторен развој кај доенчето и кај плодот,а кај доенчето создава зависност од дрога.
Идните родители треба да бидат меѓусебно запознаени со постоењето на одредени наследни заболувања во фамилијата,со цел рано да се откријат кај плодот.
За време на бременоста идните мајки треба да посетуваат и редовно забен лекар за да се спречи оштетување на забите кое е често кај бремените жени.



