Кога новороденчето ќе излезе од утробата на мајката,тоа мора да се прилагоди на надворешниот свет исто така и за неговата исхрана,основната храна му млеко.

МАЈЧИНО МЛЕКО
Честотата и бројот на подоите се прилагодуваат на барање на доенчето.
Подоите треба да се изведуваат во мир и во правилна положба. Цицањето треба да биди доволно долго за да се испразнат потполно градите (во почетокот на подојот мајчиното млеко е ретко,бидејќи содржи поголема количина вода и шеќери,а кон крајот на подојот тоа е погусто-содржи голема количина масти кои придонесуваат за правилниот раст и развој,особено на мозочното ткиво).
Правилното цицање води до празнење на градите и до повторно создавање на млеко за следниот подој. Самодовербата кај мајката дека го дои успешно своето доенче придонесува да се одржи млечноста кај мајката (грижите,вознемиреноста,и стресот,негативно можат да влијаат врз успешноста на доењето).
Ноќните подои не се укинуваат ако за нив постои интерес кај доенчето. Секојдневно давање на витаминот Д во вид на капки. Исхраната на мајките во овој период треба да е разновидна и богата со железо.
АД МЛЕКО
Вештачката храна со индустриски млека или кравјото млеко,во овој период се поврзани со многу големи ризици по здравјето на доенчето.

- Инфекции.
- Проливи и повраќање.
- Губење на тежината или прекумерно добивање на тежина.
- Појава на слабокрвност.
- Појава на рахитис (слаби коски)
- Алергија
Сите знеме дека најдобра исхрана за новороденчиња е мајчиното млеко.Но мајките кои немаат доволно мајчино млеко мораат да даваат ад млеко и тоа е оправдано.



