Американската моделка Шанел Иман ги информираше нејзините следбеници преку профилот на Instagram дека се вери со момчето Стерлинг Шепард.
Анѓелот на Викторија Сикрет, 27-годишната Шанел Иман, најави на Инстаграм дека ќе се омажи за американскиот фудбалер Стерлиг Шепард.
Еден ден по нејзиниот роденден, Стерлинг организираше посебна средба,тој ја побара за жена.
Таа веднаш го објави тоа на нејзиниот профил, а потоа откри како се чувствува.
“Ноќта е полна со солзи од среќа. Не можам да дочекам да станам твоја сопруга”, напиша Шанел веднаш до фотографијата.
Засега не е познато кога датумот на свадбата ќе биде закажан, но очекуваме да ја видиме Иман во венчаница.