Холивудскиот актер Кристијан Бејл е во брак 17 години со Сандра Блажиќ, американски агент со српски корени. Сандра, чие вистинско име е Србослава, е дете на српски емигранти кои во доцните шеесетти години отишле во Америка,таа му ја вратила вербата во љубов и во брак.
Велшкиот актер веќе долго време се колни дека бракот не е за него и дека никогаш нема да се ожени, поради лошите односи во неговото семејство во кое бракот не бил успешен.
“Никогаш не планирав да се женам. Во моето семејство, сите се разведени, па затоа немав здраво мислење за бракот”, изјави тој пред фаталната средба со Сиби.
Сиби и Кристијан тајно се оженија во Лас Вегас во 2000 година.
Сепак, неговиот избор не му се допадна на неговата мајка и сестра, па затоа актерот често се расправаше.
Само сега тој откри дека повеќе не зборува со нив. Последната расправија прераснала во инцидент, Беил ги избркал својата сестра и мајка од хотелската соба и ги откажал за неговата љубов.
“Мојата сопруга е неверојатно силна жена, не дозволува да се нервира за глупости и затоа ја сакам”, изјави Бејл за неговата сопруга.