Најиграната игра во светот Fortnite која милиони корисници ја играат секојдневно онлајн, утре ја започнува својата 4-та сезона.
Според бројните шпекулации се најавува дека новата сезона е базирана на приказна во која играчите ќе бидат со изгледи како суперхероите на Марвел или други базирани според тимот на Fortnite.
Се најавува голема промена која ќе биде во текот на утрешниот ден, истотака крајот на сезоната 3 завршува денеска за тие што почнале да ја играат играта допрва денеска е последниот ден од оваа сезона.
Што уште не очекува во новата сезона на Fortnite?
- Ресетирање на левелите или дополнително продолжување на максималниот левел кој во моменталната трета сезона е 100.
- Драстични промени на мапата, дополнителни метеори и посилна бура.
- Нов мод наместо 50vs50.
- Нови оружја од типот на суперхеројските.
За сите што имаат купено BattlePass се шпекулира дека во новата сезона ќе мора пак да донираат за да добијат поголеми првиилегии и побрзо да освојат тиери.
Ова се само шпекулации но сепак останува на EpicGames да ни ја претстави новата сезона на Fortnite и бурно да ги изненади своите играчи и бројни фанови.



