Актерот, водител и комичар Драган Маринковиќ Маца редовно објавува пораки на социјалните мрежи за кои смета дека се вредни за споменување.
Тие не се секогаш од комичен тип, но некои се и едукативни.
Во еден од најновите, тој се занимаваше со темата за поддршка.
„Можеш да сметаш само на Бога и на себе. Останатите се претежно минливи“, е пораката што ја објавува Маца.
Понекогаш се што ни треба, додава Maца, е детоксикација од сe…
„Работа, луѓе, средини, рутини… Облечи се и поврзи се со своето вистинско ЈАС. Потребата за себе е неопходна. Ти си потребен себеси“, заклучи Маца.



