Алексис Мекалистер, фудбалер на Ливерпул и аргентински репрезентативец, објави дека ќе има дете со Ајлен Коув, со која ја официјализираше врската на почетокот на 2023 година, а која е никој друг туку најдобар пријател на неговата поранешна девојка.
Англиските и аргентинските медиуми пишуваат дека играчот на „црвените“ бил вмешан во љубовен триаголник откако ја напуштил Камила Мајан неколку дена по освојувањето на Светското првенство во Катар, со што ставил крај на нивната петгодишна врска.
Веднаш по раскинувањето, фудбалерот на Ливерпул започна врска со најдобрата пријателка на Камила од детството, дизајнерката Ајлин Коув.
„Одеднаш ми рече дека не ме сака повеќе. И тоа беше тоа, тоа е тоа. Забележав дека беше многу ладен кон мене. Беше малку оддалечен, но тоа му го припишав на фактот дека мораше да се концентрира на Светското првенство и мислев дека тоа е нормална ситуација. Кога сееш љубов, жнееш љубов дури и замисли го во мојот најлош кошмар“, изјавила Камила по раскинувањето, која започнала врска со Алексис во 2017 година.
Во трогателно видео на Инстаграм, Алексис и Ајлен ја објавија големата вест дека ќе станат родители.
Ви посакуваме се најдобро и ве сакаме со сето срце, се гледаме наскоро“, напишаа на споменатата социјална мрежа.
Камила Мајан го тужела Мекалистер, барајќи финансиска компензација за трите години поминати со него, а во текот на кои ја напуштила работата за да го следи во Европа.
“Морав да се прилагодам на многу нови работи. Мислам дека ова е моментот кога треба да се откажам од дел од себе и да се променам. Си реков: Добро, морам да се потрудам да ја сменам ситуацијата во која се наоѓам”, објаснила еднаш Камила Мајан.
Свое мислење даде и самиот фудбалер.
„Таа тргна по својот пат, јас тргнав по мојот и тоа е тоа. Што се однесува до правната постапка, сè ќе се реши на суд. Таа донесе одлука да објави одредени работи што ги чувствуваше или верува дека се случиле, но знам како се одвиваа работите и затоа сум многу смирен. Што се однесува до мојата сегашна врска, ние сме добро, среќни сме, уживаме во животот заедно во Англија, велиме дека си го градиме играчот.



