Познатата апликација за размена на повици и пораки WhatsApp најави процес со кој се прекинува поддршката за сите Ајфон уреди кои користат iOS 7 или постара верзија.
Ова нема да влијае врз корисниците кои ја имаат претходно инсталирано оваа апликација, но сепак во 2020 година нема да функционира апликацијата на овие уреди.
“За старите Ајфон модели, апликацијата нема да добива наградби и можно е некој функции да престанат да работат”
Претходно на блогот објавен на сајтот на WhatsApp кој е во сопственост на компанијата Фејсбук, соопштено е дека поддршката за iOS7 и постарите верзии ќе биде прекината на 1 февруари 2020.



