Ејми Лу Вуд привлекува големо внимание поради својот препознатлив изглед и невообичаено големиот јаз меѓу забите.
Многумина го фалат тој детаљ како освежително автентичен за Холивуд.
Но, ѕвездата од серијата „Бел лотос“ не е премногу среќна поради опсесијата на другите луѓе со нејзиниот изглед.
31-годишната Британка, која го игра омилениот лик Челси во популарната серија на HBO.
Таа рече дека фокусот на забите ја терал да се чувствува како да има нешто „глупаво“ што сè уште не го „поправила“.
„Ме прави навистина среќна бидејќи симболизира бунт и слобода, но има граница. Целиот разговор е само за моите заби и тоа ме прави малку тажна, бидејќи не можам да зборувам за мојата работа“, вели Ејми.
Таа додаде дека не можела а да не се запраша дали истото внимание ќе се посвети и на изгледот на актерот.
„Не знам дали би зборувале толку многу за тоа ако станува збор за маж“, рече Вуд, која глумеше и во серијата на Нетфликс „Сексуално образование“.



