Секој од нас сака да биди добар родител,многу книги и блогови постојат кои ни се од помош.Тие информации можат додатно да ве збунат. Меѓутоа да се биди добар родител значи да се внесат неколку навики во дневната рутина. Еве што би требало да пробате!
Смејте се секој ден!
Топлата насмевка значи прифаќање. Топлата насмевка покажува љубов. Насмевките упатени на нашите деца ја отргнуваат грижата,ги смируваат исто и вас. Насмевката ги трга сите граници помеѓу родителите и децата и ги зближува.
Предизвик прв ден: Насмејте се на своето дете секој пат кога ќе ве погледни. Нека нивниот ден започне со вашата широка насмевка,и нека ги следи во текот на денот.

Зборувајте нежно и полека.
Ова е доста познато.Колку сте погласни кон вашите деца,толку и тие се исто гласни. Одеднаш настанува циркус во домашно издани. Вашите деца или се веќе гласни или мора секој пат да се надвикувате кога сакате да им отргнете внимание. Решение ? Зборувајте тивко,полека и нежно. Небитно за што се работи,пробајте да реагирате со добро. Дали се работи за тоа што ќе појадуваат,или да ги средат своите работи, пријдете им и замолете ги тивко. Вашето дете ќе одговори на ист начин. И верувајте за да биди работата уште подобра,вероватноста е голема дека после ваков пристап ќе ве послуша.
Предизвик втор ден: Кога ќе стани премногу гласно дома,смирете го гласот и на тој начин им се обраќајте.

Што на памет,тоа на дело!
Ние родителите најчесто сме како “наредници” дома. Наместо да речиме,пример да дадеме наредба во форма “Собери ги своите играчки”, ние почнуваме со безброј прашања,како што се.. зошто си ова овде оставил,дали ова треба овде да стои итн. Би требало да се обратите: Зар не би било убаво да ја средиш својата соба? Нормално дека би било убаво ама дали ќе сакаш воопшто да ја средиш… И потоа се случува од едно барање кај децата да се појави бунт. Многу деца не ги сваќаат родителите сериозно. Затоа треба да се научат на јасни инструкции на убав начин,никој да не може да ги става во прашање вашите барања.
Предизвик трет ден: Кажете гласно и јасно тоа што мислите. Не вртете од околу.

Барајте помош.
Многу од нас не бараат помош во своите домови. Во брак и родителство се мисли сепак на некој од блиските да се понуди да помогни. Учете ги од мали да ви помагаат и нив ќе им е интересно а и вас. Бидете прецизни и кажете каде ви треба помош пример: Да се нахрани кучето,да се смени вода итн. Ќе видите не е воошто тешко.
Предизвик четврти ден: Побарајте помош кога ви треба. Не изигравајте жртва. Кажете гласно и јасно што ви треба,наброете што вас ви треба помош за децата да можат полесно да ве следат. Сигурно и нив ќе му биди корисно да помагаат и воедно ќе се забавуваат.

И НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ВАШИТЕ ДЕЦА СЕ СВОИ ДЕЦА ЛИЧНО!
Сите пред да станиме родители,имаме некои одредени очекувања и сонови за тоа какви ќе ни бидат децата. Како ќе изгледаат во нашиот родителски стил. Затоа кога децата пристигнуваат,цел тој облак од сонови како ќе ги создадеме карактерно,талентираност и нивниот живот,вашиот облак се распукнува.
Кога ќе ги прифатите вашите деца целосно какви што се,со нивниот карактер и што сакаат без да им се наметнувате тогаш ќе ја разберете нивната личност. Така и ќе биди воспитувањето лесно,да се прилагодите според нивниот карактер.
Предизвик петти ден: Одделете време да седните и да направите список за вашето дете,што тоа сака,и на што се лути,како реагира на што и како. Размислете како да прифатите на најдобар начин. Ако вашето дете е доволно возрасно да свати што сакате да постигните,разговарајте со него за тоа. Изберете заедно што ќе правите и поздравете ја секоја позитивна промена.
Одиме! Предизвик од пет дена,и пет навики можат да направат разлика вредна за цел живот. Ајде да бидиме позитивни и доследни родители!



