Не можете да спиете “со празен стомак”, ви кркорат цревата, ви се врти од глад? Има храна која може да ја јадете пред спиење без да добивате на тежина.

Еден од изборите може да биде моцарела – во едно парче, има помалку од 100 калории, па дури и шест грама протеини и само малку јаглени хидрати. Дополнително, исто така, земајте калциум и витамин Д.
Ако не толерирате лактоза или не преферирате млечни производи, половин дланка ореви ќе ви помогне. Тие имаат многу маснотии и калории, но исто така и протеини, витамин Е, магнезиум и други добри нешта.
Значи, вашиот избор во малите ноќни часови треба да биде храна богата со протеини, но сиромашна со јаглехидрати.



