Светот вчера го одбележа Денот на вљубените со радост. Рози, парфеми и чоколади беа во рацете на секој друг минувач, но првата дама на Америка го означи овој ден на сосема поинаков начин.

Меланија Трамп вчера ја посети детската невладина организација во НИХ, каде што заболените деца и нивните семејства се вклучени во истражување на разни болести под надзор на Националниот завод за здравствена заштита.

Таму таа и децата учествуваа во креативна работилница и рачно изработуваа подароци за Денот на љубовта, гледајќи ги насмевките на децата тие уживаа во изработките, тие исто така уживаа во друштво на шармантната и насмеана Словенка.

Децата и подарија и подарок – шарено срце на картон,со желба убаво да го прослави денот на вљубените.

Меланија и кога станува збор за облекување веше облечена во прекрасен црвен капут,и појас што го отсликува нејзиниот тенок струк. Исто така таа носеше црни високи лаковани салонки и комплетно дискретен накит – само еден прстен.
А вие ? Како го поминавте денот во вљубените?



