Кајли Џенер му приреди навистина сурова одмазда на своето поранешно момче Тревис Скот.
Таа дојде на неговиот настап за време на фестивалот Коачела во друштво на нејзиното ново момче – актерот Тимоти Шаламет.
Како што се очекуваше, тие разменија страсни бакнежи и допири, а сето тоа беше снимено од камерите.
Видеата станаа хит на социјалните мрежи.
Дури и обожавателите на Џенер се изненадени.
„Ова беше навистина сурово“, пишуваат тие на Iks.
Кајли има ќерка и син со Скот.
Тие официјално раскинаа во 2023 година.



